ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Елеман Јенсен - Неприфатливо однесување на Грција
Копенхаген - 2008-03-20
 
Мора да се постави јасна граница колку Грците можат дасе однесуваат неприфатливо во спорот со Македонија околу разликите со името.

Вакво размислување изнесе поранешниот министер за надворешниработи на Данска, Уфе Елеман-Јенсен во својот блог, кој е објавен од страна на најголемиот дански дневенвесник „Berlingske Tidende“.

„Да се надеваме дека грчките партнери во НАТО цврсто ќе му се спротивставатна последниот пример на неприфатлив настап од страна на една разгалена земја,која што ги искористува своите предности како членкана ЕУ и НАТО, и го уценува својот мал, сиромав сосед на север“, вели Елеман-Јенсен.

Информирајќи ја данската јавност дека Грција сезаканува со блокирање на приемот на Македонија во НАТО, доколку таа не гопромени името, Елеман-Јенсен смета дека „морада има граница колку неприфатливо Грците можат да се однесуваат“.

„Да се надеваме декаваквиот настап на Грците ќе му дојде до глава на светот, кој конечно ќе почнеМакедонија јасно и гласно да ја нарекува Македонија“, вели Јенсен.

Данскиот дипломат потсетува на распадот на Југославијаво 1991 година, кога се создадоа новите независни држави, меѓу кои иМакедонија, која природно почна да се нарекува Република Македонија, но тогашГрците „полудеа“.

Правејќи споредба со познатата реплика во којаРомео и вели на Јулија „Само твоето име ми е непријател”, а таа одговара „Што е име? Тој цвет, кој штоние го викаме роза, слатко ќе мириса, како ида го викаш”, Јенсен изразува надеж дека „таму долу каде штобеше колевката на демократијата ќе се иснпирираат од Шекспировиот роман. /крај/со/ап/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести