|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Име за Грција и меѓународните организации
Атина - 2008-03-19
Атина е загриженапред новите разговори, поради намерата на медијаторот и на САД да наложатрешение за име на Македонија што би важело само за комуникација со Грција и за меѓународните организации.
Ова денеска го пишува грчкиот весник„Та неа“ во осврт на развојот на разговорите за разликите околу името меѓуМакедонија и Грција, што треба да продолжат во понеделник во Њујорк.
Весникот „Елефтерос типос“,повикувајќи се на дипломатски извори, наведува дека има организиран план за решавањена прашањето за името, што се реализира „чекор по чекор“.
Според весникот, шефицата на грчкатадипломатија Дора Бакојани го информирала владиниот кабинет дека притисокот закомпромис на кој сега е изложено само официјално Скопје, најверојатно ќе се насочии кон официјална Атина.
Повикувајќи се на сигурни изворизапознати со текот на преговорите, весникот „Вима“ пишува дека во фокусот е име„Нова Македонија“ и варијанти од него, а другите предлози претставени од медијаторот Метју Нимиц, на средбата во Вена,е „мачкање очи“. /крај/фокус/ег/
.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|