ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Регион
Русија и нуди алтернатива на Србија за ЕУ
Москва - 2008-03-19
 
Руски пратениција активираа старата идеја за прием на Србија во Заедницата на независни држави(ЗНД) и договорот за колективна безбедност на поранешните советски републики.

Со тоа, Москва му предлага наБелград алтернатива за влезот во Европската унија (ЕУ) за што се залагапрозападниот претседател Борис Тадиќ.

Оваа иницијатива ќе биде разгледанаако Србија се повеќе биде изолирана од европските држави и меѓународнатазаедница во врска со признавањето на Косово, го цитира весникот „Известија“претседателот на рускиот Совет за одбрана и безбедност Виктор Озеров.

Рускиот печат наведува дека станувазбор за активирање на идејата од пред неколку години, како и дека обидот заприем на Србија во ЗНД веројатно ќе биде блокиран од некои поранешни советски републики.

Идејата за сојуз на Србија во рамките на еднаод меѓународните организации што настанаа по распадот на Советскиот сојуз не енова, наведува московскиот весник „Взглед”.

Уште во 1999 година Собранието напоранешна СР Југославија изгласа резолуција за присоединување кон сојузот на Русијаи Белорусија. Рускиот парламент го поддржа предлогот и му препорача на тогашниотпретседател Борис Елцин и Владата итно да започне подготовка за тој процес.Нештатасе ограничија само на декларациите.

„Не знам како може да биде решено прашањетоза присоединување на Србија кон ЗНД, бидејќи таму членуваат Грузија и Украина,но во Организацијата на договорот за колективна безбедност перспективите седобри”, изјава Озеров. Членки на договорот за колективна сигурност се Ерменија,Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан. /крај/бгнес/ег/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести