|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Синдикални протести ја парализираат Грција
Атина - 2008-03-19
Синдикалните протести што изминатитенедели се одржуваат во Грција порадивладиниот предлог за реформи на пензискиот систем ќе ескалираат денеска согенерален штрајк.
Најголемиот грчки синдикат ГССЕ и синдикатот на јавната администрација АДЕДИповикаа на 24 часовен штрајк, што според најавите, ќе го поддржат новинарите,инженерите, лекарите, банкарските службеници, учителите, како и вработените во државните железници и во цивилната авијација.
Поради синдикалните протести, кои со помал интензитет континуирано траатподолго време, вчера во Атина и Солун не работеше метрото и градскиотсообраќај, а отсуствува од работа и вработените во државната електро компанијаДЕИ. Затворени беа и банките, а до крајот на оваа недела ќе штрајкуваат иадвокатите.
Причина за синдикалното незадоволство е владиниот предлог за реформи напензискиот систем, за кој парламентот треба да гласа на 20 март.
Според грчките медиуми, евентуалното изгласување на предлог законот ќе гонамали размерот на пензиите до 40 проценти.
Измените ќе ги погодат вработените кои се пензионираат на возраст под 55 годиниза жените и 60 години за мажите.
Главната опозиција партија Пасок оцени дека законското решение ќе предизвикасоцијална нееднаквост, а Комунистичката партија најави дека ќе го бојкотирачинот на гласањето./крај/ег/
.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|