|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Лавров:Албанците во Македонија чекорат кон независност
Москва - 2008-03-18
Рускиот министерза надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека Албанците во Македонија бараатстепен на автономија што претставува чекор до независност.
„Гледате што сеслучува во автономниот регион на Кина, Тибет, како таму делуваат сепаратистите. Па и Албанците во Македонија ве е бараат таков степен на автономија штопретставува очигледен чекор кон независност“, рече Лавров за руските медиуми, пренесува Макфакс.
Според него, наКосово продолжуваат обидите луѓето со сила да се натераат да живеат во државашто е создадена на нелегитимен начин.
Тој додава декаона што се случува во другите делови на светот „овозможува да претпоставимедека сме сведоци на почетокот на крајно експлозивен и опасен процес“.
Според Лавров, ситуацијата на Косово е најочигледен пример на етнички сепаратизам против којединствено може да се води борба со правни методи. /крај/фо/ст
|
|
|
 |
|