|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Бериша не дава оставка, а ја прифати на Медиу
Тирана - 2008-03-18
Албанскиотпремиер Сали Бериша ја прифати оставката на министерот за одбрана Фатмир Медиу,но при тоа отфрли секаква можност за негова оставка, јави дописникот наМакфакс.
Бериша додадедека Владата е многу ефикасна и мошне добро ги организира акциите околуоперациите за барање и спасување по трагедијата во Грдец.
Албанскиотпремиер нагласи дека соработката со Републиканската партија на Медиу останува.
Бериша восиноќешното обраќање подвлече дека е обновен договорот со американскатакомпанија „ Southern Amunition“, но од друга страна компанијата од ЈужнаКаролина демантираше дека договорот за соработка е продолжен, бидејќи истеколво декември минатата година. Американската амбасада демантираше дека станувазбор за нејзин проект.
Јавнотообвинителство во Тирана денеска уапси четворица претставници на албанскатафирма која вршела демонтажа на мини во импровизираната фабрика во Грдец, меѓукои се наоѓа и сопственикот на фирмата.
Потрагедијата без настава се 3.500 ученици од неколку села, поради големитеоштетувања на училишните згради.
Заденеска во Вора се најавени нови протести, на кои се бара оставка на Владата наБериша. /крај/мн/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|