|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Внимателност на берзите по турбуленциите на Wаll Street
2008-03-18
Азиските берзи на денешното тргување реагираатвоздржано по синоќешниот исклучително турбулентен ден на најпознатата светскаберза Wall Streat.
Индексот на токиската берза Nikkei денеска оствари пораст од 1,5 отсто по вчерашниот голем пад од 3,5 отсто.Благ пораст имаат и акциите на тајванската берза, додека на берзата во ХонгКонг се бележи негативен тренд.
Турбуленции на Њујоршката берза во понеделникот предизвикаа калкулациите наинвеститорите околу продажбата на загрозената Bear Stears банка и мерките на Централнатабанка Фед
Индексот Dow Jones по првичниот пад од 200 индексни поени,тргувањето го заврши со благ плус од 0,2 отсто односно 21 индексен поен, додекаStandard & Poor’s загуби0,9 отсто, а Nasdaq 1,6отсто.
Најголема добивка вчера беше финансискиот џин JP Morgan Chase, кој со помош на ФЕД ја купи паднататаконкурентска Bear Stears за236 милиони долари. По тоа акциите на JP Morgan Chase пораснаа за 10,3 отсто.
Претходно акциите на Bear Stears паднаа за 86 отсто на 4,10 долари по акција, што е двојно повеќе од ценатапо која JP Morgan Chase платиза нејзините акции, односно два долари по акција, што е само еден отсто вооднос на вредноста на таа акција од пред 16 денови.
Најголеми губитници вчера беа енергетските компании, поради падот на ценатана барел нафта за 4 отсто, предизвикан од стравувањата дека забавувањето настопанството ќе ја намали побарувачката по тој енергенс. /крај/л/ап/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|