|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Коштуница ја осуди употребата на сила против Србите
Белград - 2008-03-17
Српскиот премиерВоислав Коштуница денеска ја осуди употребата на сила против Србите на северотна Косово и Метохија, кои, според него, се противат на воспоставувањето налажна држава на територијата на Србија.
„Дел одмеѓународната заедница која ја спроведува политиката на сила кон Србија, решитокму на 17. март да употреби физичка сила против Србите на северот напокраината. Основната цел на Мисијата на ОН е да спречи секакво насилство наКосово, а не да спроведува насилство и застрашување над Србите и поради тоаупатуваме најостар протест“, се наведува во реакцијата на Коштуница.
Тој додава декаСоветот за безбедност на ОН има целосна одговорност согласно Резолуцијата 1244на Србите на Косово да им обезбеди безбедност.
Повеќе од 100лица се повредени денеска во северниот дел на Косовска Митровица во судирите соУНМИК полицијата и Србите. Во немирите се уапсени повеќе од 50 лица. /крај/он/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-03 Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе
2008-07-03 Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе
2008-07-03 Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе
2008-07-03 Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе
2008-07-03 Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе
2008-07-03 Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе
» Останати топ вести
|
|