|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Фолксваген заинтересиран за услуги на македонски добавувачи
Скопје - 2008-03-17
Германскиотавтомобилски гигант Фолксвагенпројавил интерес да користи одредени услуги на неколку македонскитеавтомобилски добавувачи.
За таа цел, како што соопшти канцеларијата на УСАИД во Скопје, деновиве ќебиде организирана конференција, на која 11 производители на автомобилски деловиод Македонија, заедно со Фолксваген, ќе ги разгледаатможностите за бизнис и развој на стратешки партнерства.
“Преку Проектот за конкурентност, УСАИД ги поддржуваиницијативите како што е оваа конференција, да се обезбеди помош намакедонските компании за да се интегрираат во глобалните синџири наавтомобилски добавувачи,” рече Марша Вонг, Директор за економскиразвој во УСАИД.
Настанот го организира македонскиотминистер за привлекување на странски инвестиции Веле Самак кој смета дека„македонските производителите на автомобилски делови имаат можност да снабдуваат делови заФолксваген, Ауди, Шкода и Сеат,”
Домашните компании кои учествуваат наконференцијата – Весна САП, ИЗО Стакло, Амак, СИПО, Велмакс, Руен, ТТ Пласт, Ниче Аурора, Прутекс, МЗТ Леарница и ТЦГ Леарница – беа избрани од страна на Фолксваген врз основа на специфични критериуми.
Откако ќе ја поминат деталната проценка од страна на Фолксваген, македонските компании ќе имаат директен пристап до нивните добавувачкисинџири, се вели во соопштението на УСАИД. /крај/со/ап/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|