|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Преговори за состојбата во Митровица
Митровица - 2008-03-17
Мисијата на ОН на Косово преговора со властитево Белград и српските раководители во Митровица со цел да се смири состојбатаво градот, откако во денешните немири беа ранети над 100 лица.
Ова за руската агенција РИА Новостиго изјави портпаролот на Мисијата на УНМИК на Косово Александар Иванко.
„Претставникот на Мисијата на ОНЛари Росин денеска разговараше со министерот за Косово во Владата на СрбијаСлободан Самарџиќ и го повика да го искористи своето влијание со цел да сестабилизира состојбата во северна Митровица. Се водат преговори и со српскитераководители во српската Митровица“, изјави Иванко.
„Полицијата на УНМИК се повлече одКосовска Митровица, но останува во другите делови од северно Косово“, изјавиИванко.
Според оценката на претставниците наУНМИК, состојбата во Косово останува сложена.
Насилните протести во КосовскаМитровица прекинаа околу пладне, откако припадниците на КФОР и на УНМИК сеповлекоа од пред судската зграда од каде изутрината започнаа судирите.
Според последните извештаи, вонемирите се повредени најмалку 80 косовски Срби, како и 33 припадници наполицијата на УНМИК и на силите на КФОР. Десетина од ранетите се во тешкасостојба.
Насилните протести почнаа откако полицијата на УНМИК уапси група судскиработници од српска националност, кои во петокот упаднаа во судот во Митровицаи побараа да бидат вратени на работа.
Локалните Срби се судрија со УНМИКво обид да спречат уапсените да бидат изнесени од северниот дел на градот. Во акцијата беа уапсени 53.Срби поранешни вработени во судот во Митровица,од кои локалните Срби успеаја веднаш да ослободат 21. Другите попладнево сепрефрлени во затворот во Приштина, соопшти Косовската полициска служба.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|