|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Нимиц со нова рамка за решавање на името
Атина - 2008-03-17
Нова рамка за решавање на разликите со името меѓу Македонија и Грција ќепретстави денеска во Виена медијаторот Метју Нимиц во соработка со Стејтдепартментот.
Ова денеска го објави грчкиот опозиционен весник “Елевтерос типос“, додавајќи декасепак, во грчкото Министерство за надворешни работи не преовладува оценката отидвајцата преговарачи ќе се вратат во државите со нов предлог.
Според весникот, страните ги очекува “тешки преговори и сериозни задкулиснидипломатски игри“ во наредните две недели со зголемен притисок од Вашингтон. Целта е да се најде решение “пред или после“ Самитот на НАТО во Букурешт,до кога во Скопје ќе владее малцинска Влада, пишува истиот извор.
“Елевтерос типос“ објавува и дека денешната средба меѓу преговарачите НиколаДимитров и Адамандиос Василакис, со посредство на Нимиц, е “предвесник“ назабрзување на разговорите и преминување на повисоко ниво./крај/ет/ис
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|