|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Македонија и Индија потпишаа договор за заштита на инвестициите
Скопје - 2008-03-17
Договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите меѓу Владите наМакедонија и Индија потпишан е денеска во Скопје, соопшти Mинистерството за финансии.
Договорот, кој го потпишаа министеротза финансии Трајко Славески и индискиот Амбасадор Лал Милер Динглиана, е вонасока на правната заштита на инвестициите направени од инвеститорите на еднатадржава на територијата на другата држава.
Двете договорни странисе обврзуваат дека на инвестициите направени од инвеститори на другатаДоговорна страна ќе им доделат третман кој не е помалку поволен од третманотшто им се дава на инвестициите на сопствените инвеститори.
Истовремено се регулира и начинот нарешавањето на евентуални настанати спорови меѓу инвеститор и Договорна странаили спорови меѓу двете Договорни страни.
Договорот важи запериод од десет години, по што доколку некоја странане извести за откажување на Договорот, истиот останува насила за сличен период. /крај/ап/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-03 Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе
2008-07-03 Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе
2008-07-03 Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе
2008-07-03 Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе
2008-07-03 Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе
2008-07-03 Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе
» Останати топ вести
|
|