|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Тадиќ бара УМНИК и КФОР да се воздржат од употреба на сила
Белград - 2008-03-17
Српскиотпретседател Борис Тадиќ денеска побара од УМНИК и КФОР да се воздржат одупотреба на сила кон Србите кои протестираат во северниот дел на Косово.
„Ваквото остро реагирање, сопрекумерната употреба на сила на УМНИК и КФОР, кои инаку се задолжени забезбедноста на сите граѓани на просторот на Косово и Метохија, може дапредизвика понатамошна ескалација на судирите во покраината“, изјави Тадиќ.
Тој побара и од српските граѓани дане ги провоцираат меѓународните сили и повика на смирување на ситуацијата.
Српскиот министер за Косово СлободанСамарџиќ побара од УМНИК веднаш да бидат ослободени сите Срби кои утринава беаприведени од меѓународните сили поради тоа што во петокот упаднаа во зградатана судот во северниот дел на Косовска Митровица.
„Доколку треба да го одржувамередот, стабилноста и доколку треба да соработуваме, ова ќе биде апсолутноултимативно барање луѓето одма да се ослободат, а проблемите да се решаваат содоговор и разговор“, изјави Самарџиќ. /крај/б/б92/мс
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-03 Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе
2008-07-03 Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе
2008-07-03 Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе
2008-07-03 Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе
2008-07-03 Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе
2008-07-03 Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе
» Останати топ вести
|
|