|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Топи:Трагедијата нема да влијае врз поканата за НАТО
Тирана - 2008-03-17
Албанскиотпретседател Бамир Топи изјави дека трагедијата што се случи во Грдец нема давлијае врз добивањето покана за членство на Албанија во НАТО, јави дописникотна Макфакс.
Истатаконстатација ја изнесе и премиерот Сали Бериша, кој додаде дека вакви трагедиисе случувале и во многу поразвиени земји.
Топи синоќа одјавниот обвинител побара децидна истрага за трагедијата, во која до синоќа беаевидентирани девет загинати, 11 исчезнати и над 300 ранети, од кои повеќе од 30се испратени на лекување во Италија и Грција.
Поранешниоталбански претседател Алфред Мојсиу синоќа ја обвини Владата за големататрагедија бидејќи не се почитувани законските мерки за демонтажа на муниција.
Владата ја обвинии албанскиот Хелсиншки комитет, според кој во фабриката за демонтирање миниповремено работеле и жени и деца без никаква обука.
Градоначалникотна општината Вора, на чија територија се случи трагедијата, изјави отиопштината одбила да даде согласност за отварање на работилница за демонтажа, нодека тоа го сторила Владата преку Министерството за одбрана во чија сопственостбило земјиштето каде што биле магацините со муниција.
Денескапродолжува акцијата за расчистување и спасување во која учествуваат околу 1.000војници и полицајци, чија што работа е отежната поради огромниот кратер наместото на експлозијата. Екипите вршат расчистување на неексплодираните мини воблиските населби. /крај/мн/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|