|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Брисел го повика турското судство да не се меша во политиката
Брисел - 2008-03-16
Турското правосудство да не се меша во политиката на државата, повикаеврокомесарот за проширување Оли Рен.
Ваквиот повик дојде потужбата испратена од главниот Обвинител до Уставниот суд за забрана на работатана владеачката Партија за правда и развој, на премиерот Реџеп Таип Ердоган и напретседателот Абдула Ѓул.
„Во една нормалнаевропска демократска држава, политичките проблеми се решаваат во парламентот ина избори, не во судниците“, изјави Рен во Брисел.
„Одвојувањето навластите е основен европски принцип, или со други зборови, извршната власт несе меша во судските дела, а правосудството не се меша во демократскатаполитика“, посочи Рен.
Одлуката на главниот Обвинител на Врховниот суд доаѓа откаконеодамна, владеачката партија, инаку со исламистички корени и една опозицискапартија во парламентот, изгласаа реформа со која што на студентките им седозволува да носат шамии на факултетите.
Уставниотсуд пред десетина години донесе одлука со која што на студентките им бешезабрането да ги носат шамиите. /крај/бгнес/ам
.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ... повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ... повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ... повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ... повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ... повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ... повеќе
» Останати топ вести
|
|