ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Силната експлозија во Албанија ги вознемири скопјани
Скопје - 2008-03-15
 
Детонациите коишто попладне ги вознемирија скопјани потекнуваат од експлозијата на армискиотмагацин за оружје во Албанија.

Звукот од детонациите што се слушнаво Скопје околу 12 часот е последица од експлозијата во Албанија, изјави заМакфакс, раководителот на Одделението за односи со јавност при Центарот зауправување со кризи, Мишко Талески.

Како што јави Макфакс, силнаексплозија одекна денеска во магацин на албанската армија во Вора, 12 километрисеверно од Тирана.

Експлозијата била почуствувана и воглавниот град на Албанија. Се стравува дека во експлозијата има голем бројжртви, јави телевизијата Алсат М.

Според телевизијата, ВоТирана е свикана итна седница на владата, а на јавноста и се обрати ипретседателот Сали Бериша. „Ситуацијата е многу тешка и алармантна во Градец наВора“ изјави Бериша.

Албанската полиција соопшти дека военатаболница во Тирана се наоѓа во состојба на тревога. Движењето во правец нааеродромот е блокирано.

Сите стакла на прозорците од аеродромотРинас – Тирана, кој што се наоѓа на неколку километри од магацинот испукалепоради силината на експлозијата, а оштетени се и неколку возила.

По првата експлозија, која што ерегистрирана нешто по 12 часот, имало и неколку други експлозии./крај/ам/ил


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести