|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Црвенковски ја повикува Грција на отстапки
Скопје - 2008-03-15
Македонскиот претседател сметадека тешко ќе се надминат разликите за името доколку Грција ги одбива предлозите, кои не задираат во македонскиот национален идентитет.
„Во изминатиот период паѓаа на масатакви предлози, кои не задираа во националниот идентитет. Повеќе значат некаковдополнителен опис на државното уредување на Република Македонија“,изјави претседателот Бранко Црвенковски во интервју за Радио Слободна Европа
Македонскиот претседател велидека Грција овие предлози ги отфрлала од самиот почеток.
„Ако Грција не отстапи од тоа,маневарскиот простор за некакво решение би се стеснил до крај“, речеЦрвенковски и изрази надеж дека „со ангажман на медијаторот, но и на Вашингтон, сепак ќе сеотворат некои можности овој проблем да се надмине“.
„Постои тесна врска меѓу името нанашата држава и името на нашиот народ и нашиот национален идентитет и тоа есосема легитимно и од тоа не можеме да отстапиме, изјави претседателот во радиои ТВ интервјуто што ќе биде објавено утре./крај/с/ил
.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-06 Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе
2008-07-06 Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе
2008-07-06 Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе
2008-07-06 Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе
2008-07-06 Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе
2008-07-06 Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе
» Останати топ вести
|
|