ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Поддршка на приемот на Македонија во НАТО
Скопје - 2008-03-14
 
Поддршка на приемот наМакедонија во евроатланските интеграции дадоа неколку шефови и министри надржави-членки на НАТО, соопштено е во Скопје.

Поканата за македонско членствово Алијансата ја поддржаа, меѓу другите, Франција, Италија, Романија, Холандијаи Велика Британија во одговорите на писмата што македонскиот претседател БранкоЦрвенковски ги испрати до 26. држави-членки на НАТО.

“Мојата земја е силно ангажиранана самитот во Букурешт до трите земји кандидати за членство да биде упатенапокана за прием во Алијансата”, се наведува во писмото на шефот наиталијанската држава Џорџо Наполитано.

Лондон, исто така, ја потенцираподдршката на Македонија.

“Велика Британија е силенподдржувач на евроатлантските аспирации на Република Македонија“, се посочуваво писмото кое во име на Кралицата на Велика Британија и Северна ИрскаЕлизабета Втора, го испрати шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд.

Романскиот претседател ТрајанБасеску е цврсто убеден дека големото проширување на НАТО, кое би ги вклучилотрите земји кандидати, е создаде бенефиции не само за поканетите земји, туку иза регионалната и евро-атлантска безбедност во целост.

“Сметам дека прогресотреализиран од Вашата земја во доменот на внатрешните реформи и во процесот надемократската трансформација, како и придонесот во обезбедување намеѓународниот мир ја квалификува Македонија да го заземе заслуженото место ворамките на НАТО семејството”, се наведува во писмото. /крај/со/ис

.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-08-07
Борби во Јужна Осетија, тројца ранети ... повеќе

2008-08-07
Владејачката коалиција се договори за смена на Мушараф ... повеќе

2008-08-07
Експлозии во Варна - нема жртви ... повеќе

2008-08-07
Експлозија во Сочи - две жртви ... повеќе

2008-08-07
Загина дизајнерот на Ферари ... повеќе

2008-08-07
Македонците со голема поддршка за прием во ЕУ ... повеќе

» Останати топ вести