|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Буш во Загреб – Хрватска во НАТО
2008-03-14
Американскиотпретседател Џорџ Буш ќе ја посети Хрватска на почетокот на април, по самитот наНАТО во Букурешт, соопшти синоќа Белата куќа.
Посетата на Буш се смета какоконечна потврда дека Хрватска на Самиот во Букурешт ќе добие покана за членствово НАТО.
Веста за посетата на Буш на Загреб беше објавена откако Хрватска, восредата навечер, ја смени одлуката за примена на Заштитената еколошко риболовназона – ЗЕРП во Јадранското море.
Брисел, веднаш по одлуката за одлагање на примената на ЗЕРП, ги деблокира претпристапнитепреговори со Хрватска. Најавено е дека преговорите би можеле да бидат завршенивеќе во 2009. година.
Одлукатаза одлагање на примена на заштитената зона предизвика бројни полемики воХрватска, а најдоминантна е оценката дека државата дефинитивно го загуби огромнотобогатство во Јадранското море, /крај/ х/р
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|