ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Дијаспората бара прием на Македонија во НАТО
Вашингтон - 2008-03-14
 
НАТО да ја покани Македонија во членство на Самитот во Букурешт во април и да не ги прифатигрчките обиди да го попречат македонскиот влез.

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) иОбединета Македонска Дијаспора (ОМД) наведуваат дека членството на Македонија во НАТО е силно поддржано од многу негови членки и оти ќе обезбеди мир и стабилност наБалканот, особено по неодамнешното прогласување на независност од страна наКосово.

„Македонијаги исполни сите услови за влез во НАТО и докажа дека ги извршува обврскитеспрема Алијансата, учествувајќи со успех во мисиите во Авганистан и служејќикако клучна точка на НАТО за интервенциите во Косово. Со своите активности,напори и ангажмани, Македонија го заслужи своето место во НАТО", речепретседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Претседателот на ММДЧП Бил Николов вели „овозможувањето на Грција да гиреализира нејзините закани може да има опасни последици. Спорот со името едипломатска игра на Грција за да се оттргне вниманието од третманот што го имакон своето големо македонско малцинство. Европската Унија, Обединетите Нации иНАТО треба веднаш да ја признаат Македонија под своето уставно име и еднаш засекогаш да стават крај на оваа бесмислена дебата“.

Македонскитеорганизации соопштија дека двете најголеми организации на Турците во Америка, АТААи ТЦА во писмата упатени до претседателот Џорџ Буш и државниот секретарКондолиза Рајс го поддржале приемот на Македонија во НАТО./крај/с/ил


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-06
Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе

2008-07-06
Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе

2008-07-06
Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе

2008-07-06
Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе

2008-07-06
Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе

2008-07-06
Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе

» Останати топ вести