|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Советот за евроинтеграции во нецелосен состав
Скопје - 2008-03-13
Националниот совет за евроинтеграции денеска не се состана во широкполитички состав поради отсуство на албанските политички претставници, а најавипродолжување на седницата наредната недела.
“Ако има блокадаво Владата, не сакам таа да се одрази и на Националниот совет. Со тоа испраќамелоша порака“, истакна претседавачот на Советот, опозициониот лидер РадмилаШекеринска.
Советот,истовремено, го повика албанскиот политички корпус да се приклучи на дебататаза предлог-мерките и активностите за реализација на главните приоритети наМакедонија за пристап во ЕУ.
“Без разлика којавлада ќе функционира во Република Македонија, без разлика кој ќе бидеперсоналниот состав на владата, ова ќе бидат приоритети што мора да се исполнат“,рече на седницата вицепремиерката Габриела Коневска-Трајковска.
Советот,истовремено, апелираше на одговорност на сите политички субјекти во остварувањена консензуално договорената политика./крај/ме/ис
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|