|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Дел Понте: Го предупредив Ѓинѓиќ на можност од атентат
Белград - 2008-03-13
- Поранешнатаобвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте тврди дека го предупредилапоранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓи за можност од атентат врз него непосреднопред да биде извршен.
„Му кажав да биде внимателен. Мупокажав интерни извештаи на трибуналот со податоци за завера за неговоубиство“, пишува Дел Понте во својата книга „Лов“ која наскоро треба да бидеобјавена во Италија.
На средбата со поранешната хашкаобвинителка во февруари 2003 година, Ѓинѓи појаснил дека е свесен за заканитеи ја информирал Дел Понте дека сменил две одговорни лица од службата за државнабезбедност бидеј и не го снабдувале со потребните информации.
Четири дена по разговорот, ималообид за убиство на Ѓинѓи на локален автопат, наведува Дел Понте во својатакнига.
Ѓинѓи беше застрелан во март 2003година од снајперист на паркингот пред службениот влез на српската влада.
До денеска останаa непознатиполитичките нарачатели на убиството на Зоран Ѓинѓи , иако нивниот политичкипрофил е јасен. /крај/б/мс
|
|
|
 |
|