ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ

Македонци емигранти во САД од 19 век
Скопје - 2008-03-13
 
Првите декларирани етнички Македонци емигрирале во Америка на крајот на 19 век покажуваат американскиархивски документи.

Овие историски факти даваатодговор на грчката, бугарската и други пропаганди дека не постои македонска нација и оти е творба на Тито по Втората светска војна.

Нецелосната листа што поименично наведува 7,821 етничкиМакедонци, емигранти во Америка во периодот меѓу 1897 и 1924 година, ја објави денескапартијата на македонското малцинство во Грција „Виножито”, под наслов “Членовите на една „непостоечка” нација со име и презиме ... (кога Тито беше дете...)”.

Податоците за оваа емигрантска листа се од архивата на музејот во Елис Ајланд, островче во Њујорк кадебил сместен прифатниот центар за емигрантите кои пристигнувале во Америка вопочетокот на 20 век.

“Бројот на лица кои се декларирале како Македонци кога емигрирале во Америкаможе да е поголем ако се земе предвид бројот на комбинации за пребарување наархивата“, изјави за Макфакс претседателот на “Виножито“ Павле Воскопулос.

Емигрантите од Македонија во одговорите што ги давале во графата за етничка припадност се изјаснувале дека припаѓаат на македонска националност (ethnicity Macedonian), различна од бугарска (Bulgarian), српската (Serbian) и грчката (Greek).

Првиот случај на емигрант што во САД се декларирал како етнички Македонец е од 1897 г. Тоа е Olia Tanso од Monaster (Битола).

Воскопулос додава декаоколу две до три години имале информација за ваква “листа на емигранти“, аточните бројки почнале да ги добиваат по истражување преку “машината запребарување“ во архивата на Музејот на Елис Ајланд.

“Ми се јави еден етнички Грк, математичар, и мирече дека обработил алгоритам за тоа како и на кој начин може да добиемекомплетен број на имиња кои се декларирале како Македонци. Најверојатно,станува збор за повеќе од осум илјади имигранти“, додава Воскопулос.

Треба да се одбележи дека во оригиналната емиграциона листа често пати има граматички грешки во однос на името и родното место на емигрантите - најверојатно заради тешкотиите на американските емиграциони службеници да ги запишат коректно и како што треба подаоците бидејќи не го познавале јазикот на емигрантите ниту ги знаеле топонимите.

Во 1899 г. следат уште осум емигранти Miton Risto (23), AnestyTrayem 26, Duno Stoyan (29), Vasil Stoyan (36) и Philip Terptsche (33) од Biton(?) и Dimitri Carafil (23), Papa Lazor Nicola (25) и Anton Bogoi (29) одMonastiz (Битола).

Во 1900 г. емигрираат: Vasil Vaun (19), RistoVaun (27) и Athamas Traithe (40) од Monastir (Битола).

Претставникот на “Виножито“ наведува дека за ова ја информирале речиси целата грчкајавност, влада, пратеници, медиуми, како и гласилата во Македонија.

Воскопулос открива декапостојат и други историски факти за постоење на македонскиот етникум.

“Македонскиот комитетрешил да печати македонската граматика земајќи го како основа дијалектот одбитолскиот регион на која би работеле седум лингвисти а што било пренесено воВиена“, вели тој посочувајќи го 8.јули 1905 година кога весниците “Емпрос“,“Скрип“ објавиле таква вест.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-06
Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе

2008-07-06
Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе

2008-07-06
Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе

2008-07-06
Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе

2008-07-06
Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе

2008-07-06
Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе

» Останати топ вести