ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Свет
Кина за состојбата на човековите права во САД
Пекинг - 2008-03-13
 
Пекинг денеска објави свој извештај за човекови права во кој ги обвинува САДза “ароганција и хипокризија“, со оценка дека нападот врз Ирак е “најголемахуманитарна катастрофа на современиот свет“.

“Арогантната критика на САД за човековите права во другите држави секогаш епроследено со намерно заборавање на проблемот со човековите права на сопственатериторија“, се наведува во годишниот извештај на Кина.

Според истиот извор, “тоа не само што е во спротивност со општоприфатенитенорми на меѓународното право туку и доказ за двојни стандарди и вистинскахипокризија на САД по прашањето на човекови права“.

“САД се познати по тоа дека газеа по суверенитетот на другите држави, какои човековите права во тие држави“, се наведува во извештајот насловен како“Човекови права во САД во 2007 година“.

Текстот истакнува дека “инвазијата на американската војска на Ирак довеладо најголема трагедија во смисла на кршење на човековите права и најголемакатастрофа на современиот свет“.

Извештајот наведува и дека САД се неспособни да ја сузбијат сиромаштијата икриминалот на своја територија и ги критикуваат неумерените трошоци за кампањаспроти изборите за претседател што ќе се одржат годинава.

Состојбата на човековите права е “бедна и ужасна“, се посочува на крајот одтекстот.

Стејт департментот, во годишниот извештај за состојбата на човекови прававо светот, ја критикува Кина поради ограничување на слободата на говорот,цензурирање на интернет, како и наводно насилно преселување на граѓани за да сенаправи место за проекти поврзани со августовските Олимписки игри./крај/бе/ис


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести