ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Свет
ЕУ за глобалното затоплување
Брисел - 2008-03-13
 
Борбата против климатските промени, обновливите извори на енергија, како илиберализацијата на енергетскиот пазар, се главни теми на дводневниот пролетенсамит на Европската унија(ЕУ) во Брисел.

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ, денеска и утре, е се обидат да изнајдатначини како да се постигнат зацртаните цели.

Европските лидери уште на минатогодишниот самит во март ги утврдија целите до2020. година да ја смалат емисијата на штетни гасови за 20 отсто, да гозголемат уделот на обновливата енергија на 20 отсто, а делот на биогоривата на10 отсто од вкупното гориво што се троши во сообра ајот.

Во согласност со овие политички насоки, Европската комисија во јануари оваагодина предложи конкретни законски мерки за кои сега е се води расправа.

Според нацрт-заклучоците, што ги подготви словенечкото претседателство, климатско-енергетскиот законски пакет би требало да биде усогласен до крајот наоваа година.

Клучниот дел на климатско-енергетскиот пакет го сочинува шемата на тргување содозволи за испуштање на штетни гасови. Според таа шема, индустрискитезагадувачи би купувале дозволи за испуштање на штетни гасови на заедничка берзана ниво на ЕУ, а не во секоја земја посебно.

Меѓутоа, иако сите ги поддржуваат зацртаните цели, нема согласност како тоа дасе постигне.

Многу земји се плашат дека тие мерки насочени против глобалното затоплување биможеле да ја натераат индустријата да се пресели во трети земји кои немааттолку строги еколошки закони, што би предизвикало масовни отпуштања од работа.

За да ги отстрани овие стравувања, ЕУ е се обиде да договори такви еколошкистандарди и на светско ниво, а во случај на непостигање на меѓународен договор, не се исклучува можноста за воведување на посебни даноци на увоз од земјите коинемаат ограничување за испуштање на јаглерод диоксид, што би можело да доведедо трговска војна со САД.

Нема согласност ни околу биогоривото, со оглед на најновите научни студии, коипокажуваат дека ова гориво ја загадува атмосферата, а може да предизвика исмалување на производството на храна за сметка на горивото.

Европскиот совет е го разгледа и напредокот на полето на понатамошнаталиберализација на пазарот за електрична енергија и гас.

На првиот ден на самитот, вечерва, лидерите треба да разговараат и законтроверзната идеја на францускиот претседател Никола Саркози за формирање наМедитеранска унија.

Оваа идеја наиде на противење кај пове е земји членки на ЕУ, сметај и дека одтој проект би биле исклучени земјите што не излегуваат на Средоземното море.

Франција, која во втората половина на годината го презема претседавањето со ЕУ, планира на 13 јули во Париз да организира самит со земјите од јужниотсредоземски брег, од Мароко до Израел.

Идејата на Саркози многумина во ЕУ ја толкуваат како обид да се обезбеди алтернативночленство на Турција во медитеранската унија, со оглед на фактот дека Паризсилно се противи на членството на Турција во ЕУ.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-08-20
Стравувања за 150 загинати во авионската несреќа во Мадрид ... повеќе

2008-08-20
Работодавците да го намалат работното време заради жештините ... повеќе

2008-08-20
Истрага за незаконски трансплантации ... повеќе

2008-08-20
Момче и девојка се удавија во Охридското езеро ... повеќе

2008-08-20
Анкета му дава предност на Меккејн пред Обама ... повеќе

2008-08-20
Загинаа 140 лица во авионска несреќа во Мадрид ... повеќе

» Останати топ вести