|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Амбасадорот на САД присилно го напушти Минск
Минск - 2008-03-12
Американската амбасадорка во Минск денеска присилно ја напушти Белорусија, јавуваат агенциите.
“Таа ја напушта државата денеска“, изјави лидерот на опозицијата во оваа поранешна советска република Анатолиј Лебедко.
Амбасадорката Керен Стјуард заминува од Белорусија откако властите и препорачале дека треба да се врати во Вашингтон.
“Ова, таа го гледа како привремено заминување“, додаде Лебедко.
Белорусија, обвинета од западните држави дека ги прекршува основните човекови права, минатиот петок го отповика својот амбасадор од САД и ја повика Стјуард да го напушти Минск.
Властите во Минск, кои се обврзаа дека е ги подобрат односите со Западот, образложуваат дека одлуката е “одговор“ на она што го оценуваат како “нови санкции против националната нафтена компанија “Belneftekhim“.
Американската Амбасада најави соопштение за јавност подоцна во текот на денов. Властите во Вашингтон ја опишуваат Белорусија, на чело со претседателот Александер Лукашенко, како “последна европска диктатура“. /крај/ме/ис
.
|
|
|
 |
|