ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Само името пречка за НАТО
Вашингтон - 2008-03-12
 
Членките на Јадранскатагрупа ги исполнија критериумите и треба да влезат во НАТО во интерес и настратешката стабилност, оцени Американскиот Сенат.

Ова, како што јавува Макфакс, е оценка од дебатата на тема „НАТО: Проширување и ефекти” одржана во Комисијата занадворешни односи на Сенатот, во која е укажано и на потребата од надминувањетона разликите со името.

„НАТОмора да ги покани Македонија, Албанија и Хрватска во НАТО, бидеј и секоја од нивработеше напорно на исполнување на критериумите”, изјави републиканскиотсенатор Ричард Лугар.

Тојукажа дека „време е САД, повторно, да преземе водечка улога во убедувањето насвоите сојузници да бидат признаени важните напори на Албанија, Хрватска иМакедонија и да им понуди членство во НАТО“ и покана на, како што рече, „историскиотСамит во Букурешт”.

Администрацијатана претседателот Џорџ Буш силно ги поддржува аспирациите на Македонија, Албанија и Хрватска да се приклучат кон НАТО, повтори американскиот помошниксекретар за Европа Даниел Фрид во дебатата во Сенатот.

„Ситетри држави кандидати направија значаен прогрес, особено во изминатите двегодини и покажаа јасна посветеност да се носат со одговорноста, која ја носичленството во НАТО”, оцени Фрид.

Зборувај иза Македонија, тој укажа дека државата направила значаен прогрес од 2001. година во градењето мултиетничка демократија, како и „импресивен прогрес“ воодбранбените реформи.

„Проблемотшто ја загрозува кандидатурата на Македонија е прашањето за името, без чие што решениеГрција вели дека е ја блокира поканата. Американската администрацијата пове епати ја нагласи својата поддршка на преговорите што се водат под мандатот на ОН и апелира двете страни даработат заедно, и со медијаторот Метју Нимиц, да ги искористат времето досамитот во Букурешт за да постигнат решение и да не дозволат ова прашање да јаспречи Македонија да влезе во НАТО”, рече Фрид.

Претседателотна сенатската Комисија за надворешни односи, демократот Џозеф Биден, наведедека „доколку Грција и Македонија тоа не можат да го сторат до самитот, таквиотнеуспех не треба да ги казни аспирациите на Хрватска и Албанија.

„Стратешки, приемот на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО е го донесе Балканотпоблиску до европската иднина која тие ја заслужуваат и е ја зајакнерегионалната безбедност. Сепак, ова не значи дека трите кандидати мора дастанат членки на НАТО во пакет. Секоја земја треба да биде оценувана согласнозацртаните критериуми и според индивидуалните постигнувања”, наведе Биден.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-08-21
Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ... повеќе

2008-08-21
Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ... повеќе

2008-08-21
Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ... повеќе

2008-08-21
Голем интерес за концесии за патишта ... повеќе

2008-08-21
Декларација за заштита на Охридското Езеро ... повеќе

2008-08-21
САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ... повеќе

» Останати топ вести