|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Учениците Македонци од Струга бараат етнички смени
Охрид - 2008-03-10
Учениците Македонциод средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ од Струга денеска сопротести побараа воведување на етнички смени во училиштата.
На протеститепред зградата на Општината и пред подрачната единица на Министерството заобразование и наука, учениците изразија незадоволство од неспроведувањето назаклучоците од состанокот на градоначалникот Рамиз Мерко со раководителите научилиштата, на кој беше заклучено најдоцна до 10-ти март наставата во среднитеучилишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ да почне да се одвива во етнички смени.
Тие најавија деканема да одат на училиште се додека не се спроведе тој заклучок.
Раководителите научилиштата велат дека се уште не се создадени услови за воведување етничканастава, а за тоа не се изјаснило ниту Министерството за образование.
Градоначалникотна Струга Рамиз Мерко денеска се сретна со раководителите на училиштата од коибило побарано да организирааат заедничка средба со учениците за да се изнајдерешение за проблемот.
На оваа темаденеска во организација на невладината организација Аква се одржува трибина накоја за етничките тензии меѓу учениците разговараат експерти, професори,ученици, претставници на локалната самоуправа, на невладините организации имедиуми.
Барањето заетнички смени на учениците Македонци следи по масовните тепачки меѓу ученициМакедонци и Албанци пред десетина дена. /крај/гм/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-06 Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе
2008-07-06 Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе
2008-07-06 Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе
2008-07-06 Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе
2008-07-06 Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе
2008-07-06 Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе
» Останати топ вести
|
|