|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Одлука за предвремени избори во Србија
Белград - 2008-03-10
Српската влада денеска на седница треба да одлучи за предлогот напремиерот Воислав Коштуница за распуштање на парламентот и предвремени избори.
Сите политички партии во Србија сесогласија со потребата од распуштање на владата. Вонредните избори, спореданалитичарите, ќе имаат влијание, не само во Србија, туку и врз односите ворегионот.
Премиерот Коштуница во саботатаобјави крај на функционирањето на владата, наведувајќи дека неговиоткоалиционен кабинет повеќе нема единствена политика во врска со Косово.
Српскиот претседател Борис Тадиќсоопшти дека го уважува ставот на премиерот и ќе го потпише указот запредвремени избори, откако ќе ја добие владината одлука.
Тадиќ наведе дека не се согласува сооценката на Коштуница оти Владата нема единствена државна политика за Косовокако составен дел на Србија.
„Сметам дека станува збор за тоадека Владата нема единствен став околу европските и економските перспективи наСрбија и на нејзините граѓани“, соопшти Тадиќ.
Вонредни парламентарни избори, штоКоштуница предложи да се одржат паралелно со локалните, на 11 мај, поддржаасите релевантни партии во Србија.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|