|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Нов предлог од Нимиц идната недела
Атина - 2008-03-09
Нов предлог зарешение за разликите за името се очекува идната недела од посредникот во грчко– македонските преговори Метју Нимиц, објави денеска грчкиот весник„Елефтеротипија“.
Во интервју за весникот, шефицата нагрчката дипломатија Дора Бакојани изрази верување дека се уште има времепрашањето за името да биде решено до априлскиот самит за проширување на НАТО.
Наведувајќи дека притисокот надипломатско ниво се засилува врз властите во Скопје и во Атина, весникот пишувадека двете страни се очекува да се сретнат уште еднаш до самитот на НАТО,најверојатно во Женева.
Од друга страна, весникот „Елефтеростипос“ наведува дека Грција е подготвена прашањето за името да се реши врзоснова на последниот предлог на Нимиц.
Според истиот извор, од петтепредлози за Грција е прифатливо „Република Нова Македонија“ .Името „РепубликаГорна Македонија“ не е на масата на разгледување во Атина, поради противењетона Бугарија која во тоа гледа опасностза областа Пиринска Македонија“, пишува „Елефтерос типос’.
Весникот додава дека Грција ќеинсистира новото име да биде користено во пасошите на Македонија и да бидевклучено во нејзиниот Устав./крај/фокус/ег/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-06 Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе
2008-07-06 Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе
2008-07-06 Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе
2008-07-06 Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе
2008-07-06 Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе
2008-07-06 Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе
» Останати топ вести
|
|