ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Регион
Подготовки за самитот на НАТО во Букурешт
Букурешт - 2008-03-09
 
Подготовките за Самитотна НАТО во Букурешт се одвиваат забрзано на неполн месец до настанот на кој ќеучествуваат околу три илјади официјални претставници и околу 3.500 претставницина медиумите.

На Самитот ќеприсуствуваат 55 шефови на држави и влади од 26 држави-членки на НАТО и 23држави учеснички во програмата “Партнерство за мир“, како и од државите штоимаат одредени односи со Атланскиот сојуз, како што е Русија.

Американскиотпретседател Џорџ Буш, како што пренесуваат романските гласила, доаѓа воБукурешт со придружба од околу илјада лица. Германската делегација ќе јасочинуваат 100 лица, британската 80, а шпанската 60.

Моментно, не епозната колку ќе биде бројна делегацијата на рускиот претседател ВладимирПутин.

Официјалнитепретставници на Самитот во НАТО ќе бидат сместени во 14 хотели со пет и четириѕвезди додека за претставниците на медиумите се предвидени 16 хотели.

КомпаниитеМерцедес и Форд бесплатно ќе обезбедат околу 470 возила за превоз наполитичарите на букурештанскиот собир.

Министерството завнатрешни работи одреди 23 илјади свои припадници за безбедноста за време наодржувањето на Самитот на НАТО.

Станува збор заполицајци, припадници на пограничната полиција и специјални групи на борци зазаштита и интервенција каде припаѓаат елитните снајперисти.

Самитот ќе сеодржи во Палатата во парламентот каде се уште се работи на обнова на асфалтотоколу зградата, но и во парламентот каде се поправаат разни детали и сеподготвуваат просториите за голем број новинари.

Романската влада,за организација на Самитот, оддели 25,6 милиони евра./крај/бе/ис


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести