|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Бугарија не го условува приемот во НАТО
Охрид - 2008-03-09
Бугарија непоставува услови за прием на Македонија во НАТО и ја поддржува нејзинатаевроатланска интеграција, изјави денеска во Охрид претседателот на бугарскиотпарламент Георги Пирински.
Пирински, кој од денеска е вотридневна официјална посета на Македонија, ова го одговори на прашање далиБугарија ќе ја услови поддршката на Македонија за членството во Алијансата,јави агенцијата Бгнес.
Тој, како што јави дописникот наМакфакс, одби директно да ги коментира грчко - македонските разлики за името, ноистакна дека секоја држава има право да ги штити своите позиции.
„Кога постојат разлики потребно е да се седне и мирно да се разговара и да се види како може да се изнајде взаемно прифатливо решение", рече Пирински.
„Бугарија се стреми во односите со ситесоседи да развива односи врз принципи и критериуми кои се валидни во Европа, заевроатлантската заедница, и колку што може да помага да бидат постигнати заемноприфатливи решенија за отворените билатерални прашања“, посочи Пирински, воврска со разликите за името меѓу Македонија и Грција.
Пирински посочи дека Бугарија „не одвчера, многу посветено и ангажирано го поддржува стремежот на Македонија дабиде многу ценет учесник и во Европската унија и во програмите на НАТО“ /крај/бгнес/гм/ег/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|