ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Регион
Партиите за предвремени избори
Белград - 2008-03-09
 
Сите релевантнипартии во Србија се за одржување предвремени избори, што премиерот ВоиславКоштуница ги најави за 11 мај, откако претходно го објави распуштањето навладата.

Српскиот претседател Борис Тадиќсоопшти синоќа дека го уважува ставот на премиерот оти повеќе не може да јаводи владата и најави дека ќе распише предвремени избори.

Тадиќ наведе дека не се согласува сооценката на Коштуница оти Владата нема единствена државна политика за Косовокако составен дел на Србија.

„Сметам дека станува збор за тоадека Владата нема единствен став околу европските и економските перспективи наСрбија и на нејзините граѓани“, соопшти Тадиќ.

Неговата Демократска партија (ДП)оцени дека „изборите се најдобриот пат граѓаните да одлучат по кој пат Србијатреба да оди во иднина“, додавајќи дека премиерот Коштуница донел одлука восогласност со демократските принципи.

Партијата на Тадиќ оцени декаДемократска партија на Србија (ДПС) на Коштуница го променила ставот за евроинтеграциите,залагајќи се за нивен прекин, што претставува „извесна опасност за самоизолација на Србија“.

Српската радикална партија (СРП) гоподдржа предлогот на Коштуница за одржување вонредни избори на 11 мај,оценувајќи дека „одлуката на премиерот може да придонесе за расплет на тешката криза во која е Србија“.

Лидерот на Г17 плус и министер заекономија Млаѓан Динкиќ изјави дека неговата партија ќе гласа за распуштање напарламентот и предвремени избори, оценувајќи ги како „најдобро решение за излезод политичката криза“.

Партијата Нова Србија соопшти дека предвременитеизбори биле единствен излез во ситуација во која ДС не сакала да се постигнекомпромис за државните интереси на Србија./крај/фонет/ег/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-06
Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе

2008-07-06
Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе

2008-07-06
Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе

2008-07-06
Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе

2008-07-06
Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе

2008-07-06
Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе

» Останати топ вести