|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Американски бизнисмен осуден заради „Нафта за храна"
Њујорк - 2008-03-08
Тексашкиот бизнисмен Дејвид Чалмерс е осуден од судот во Њујорк на казназатвор од две години откако призна дека исплаќал милиони долари поткуп на Иракво врска со програмата на ОН „Нафта за храна“.
Чалмерс и раководенитеод него две нафтени компании се осудени да вратат девет милиони долари.
Американскиот бизнисменбеше обвинет дека оваа сума му ја исплатил во вид на поткуп на режимот на СадамХусеин за да добие пристап до нафтата што Ирак ја извезуваше во рамките напрограмата на Обединетите нации.
Во врска со истиотслучај, бугарскиот бизнисмен Људмил Дионисиев, кој работелво Хјустон како консултантна Чалмерс, беше осуден во декември на две години затвор условно иглоба од 5 000 долари.
Програмата на ОН „Нафта за храна" започна на крајот од 1996 година и заврши на почетокот на 2003 година. Врамките на овој проект, на Ирак му беше дозволено да продава определеноколичество нафта и со добиенитесредства да купува храна илекови во вкупна вредност од 67 милијарди долари.
Програмата требаше да ги ублажи санкциите, што беа воведени на режимот на поранешниотирачки претседател Садам Хусеин заради окупацијата на Кувајт во 1990 година
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|