|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Славески: Инфлацијата нема да расте, денарот ќе остане стабилен
Скопје - 2008-03-07
Услови за натамошно растење на инфлацијата кај странатана побарувачката нема, а курсот на денарот во однос на еврото до крајот нагодината гарантирано ќе остане непроменет.
Вакво уверување денескаизнесе министерот за финансии Трајко Славевски на прес конференција свиканапоради зголемениот интерес на новинарите по информациите дека стапката наинфлацијата во изминатиот месец достигна 9,6 отсто.
Тој истакна дека Владатавоопшто не го потценува феноменот на глобален пораст на инфлацијата и преземаактивни мерки таа во Македонија да биде зауздана.
„Станува збор за еднократен раст на цените, зафеномен којшто е под контрола и носителите на макроекономската политика се воцелосна координација за да го заштитат животот на македонските граѓани“, изјавиСлавески.
Тој посочи дека фискалната политика и помага намонетарната политика со својата рестриктивност, која што се гледа сореализираните буџетски суфицити.
Славевески информирашедека во 2007 година, наместо проектираниот буџетски дефицит од еден отсто вооднос на БДП, бил реализиран суфицит од 0,6 отсто, а истиот тренд продолжил иво првите два месеци од 2008 година, кога се реализирани повеќе приходи одрасходи.
Министерот за финансии посочида се прави разлика помеѓу порастот на некои цени и општиот пораст на цените.
„Некои производители лесно може да бидат доведениво конфузија сметајќи дека растот на некој цени значи општ раст на цените..Исто така, дел од производители може да бидат залажани и да сакаат да гикорегираат цените нагоре“, рече Славевски.
Тој предупреди дека остримонетарни мерки се опасност за економскиот раст, а претерана рестриктивностможе да доведат до загушување на економијата
„Многу е битно НБМ каконосител на монетарната политика, секако во координација со владата и соносителите на фискалната политика да знае да го определи точниот баланс да сепридонесе кон спречување на натамошниот раст на цените , но од друга страна дане се загуши економијата“, наведе Славески
Според него,потребно е да се биде внимателен, и борбата против инфлацијата на одреденагрупа на производи не смее да се претвори во дефлација.
„На Македонија најмалку и е потребно економијата дасе втурне во рецесија.Треба да се постигната двете цели, да се одржуваекономскиот раст и да се постигне контрола врз цените“, дециден е Славески.
Тој укажа дека нема никаква опасност за нарушувањена паритетот на курсот на денарот, затоа што во февруари НБМ немаше потреба даинтервенира за заштита на курсот на денарот со ниту едно евро.
„Сакам да упатам порака до македонските граѓани, доштедачите и инвеститорите, курсот на денарот до 31.12, до кога ги имамепроектирано политиките за оваа година, ќе остане не променет и ќе остане 61,5денари за едно евро“, заклучи Славески. /крај/ап/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|