|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Жените во ЕУ низ статистичките податоци
Луксембург - 2008-03-07
Жените воЕвропската унија живеат шест години подолго од мажите, сочинуваат третина одводечките позиции во компаниите и држат четвртина од повисоки функции во власта,соопшти Евростат пред утрешниот меѓународен ден на жените.
Очекуваниот животен век во ЕУ во 2006година бил 80,9 години за жени и 74,6 за мажи. Во сите земји членки на ЕУ сепредвидува жените да живеат подолго од мажите, а најдолговечни се Шпанките иФранцузинките.
Жените во 2006 година работеле на третина (32,3) раководни места вокомпаниите во Европската унија
Најмногу жени на раководни функцииима во Летонија и во Литванија (по 41 насто), во Франција (39 проценти), како иво Унгарија (37 насто).
Просечно четвртина од пратеничкитеместа во ЕУ и околу 25 насто од повисоките владини функции во 2007 година имприпаѓале на жените. Најмногу политичарки има во Шведска (47 насто), а зад неаследуваат Финска (42 насто), Холандија (39 проценти) и Данска (37 насто). /крај/ста/м
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|