|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
НБМ дополнително ја покачи референтната каматна стапка
Скопје - 2008-03-06
Одлука за зголемување на каматната стапка наблагајничките записи од 5, 25 на 6 отстодонесе денеска Народната банка на Македонија (НБМ), што е втор пат за неполнмесец.
Оваа одлука за дополнително зголемување нареферентната каматна стапка се презема поради натамошното интензивирање наинфлацијата, а особено заради интензивирање на базичната стапка на инфлацијата, се вели во соопштението на НБМ.
Анализирај и гозголемувањето на годишната стапка на инфлацијата од 8, 7 отсто во јануари ифевруари од 9, 6, НБМ констатира дека главен двигател на инфлацијата се ценитена храната со годишен скок од 18, 7 отсто.
Истовремено е констатиранои јакнење на инфлациските очекувања кои се искажани преку проширување наопфатот на порастот на цените и кај други групи на производи и услуги.
Базичната инфлација, којаво декември изнесуваше 1, 2 отсто, во јануари се искачи на 2, 6 отсто, додека вофевруари достигна 3, 2 отсто.
Во последните месециподатоците говорат и дека трговскиот биланс бележи зголемување на негативнитесалда.
Притисоците од страна напобарувачката главно произлегуваат од интензивираниот пораст на платите скорово сите сектори, како и силниот кредитен раст.
Во последниот квартал од2007 година беше регистриран номинален пораст на платите од 11, 8 отсто, додекаво јануари годишната стапка на раст на кредитите на банките во приватниотсектор се искачи на 40 отсто и кај населението 56 отсто.
Од тие причини НБМ денескаусвои измена на Одлуката за методологијата утврдување на адекватноста накапиталот на банките, со цел да го димензионира кредитниот раст кај банките.
НБМ на крајот уште еднашпотсетува дека намалувањето на стапката на инфлацијата бараа соодветен придонеси од другите пазарни учесници. /крај/ ап
|
|
|
 |
|