ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Регион
Српската Влада ја отфрли резолуцијата за отстапување од ЕУ
Белград - 2008-03-06
 
Српската Влададенеска ја одби резолуцијата на Српската радикална партија, со која се барашеотстапување од патот за членство во Европската унија доколку земјите не јаанулираат одлуката за признавање на Косово.

Противпозитивното мислење по Резолуцијата гласале 15 министри, а за биле седумминистри.

Радикалите,поддржани од партијата на премиерот Воислав Коштуница, поднесоа резолуција вокоја ЕУ се повикува јасно и недвосмислено да се изјасни дека Косово останувадел од Србија, пред земјата да ги продолжи претпристапните преговори соУнијата.

„Србија не требада преговара со било која интернационална организација која не го признаваКосово како дел од Србија“, рече во парламентот лидерот на Српската радикалнапартија, Томислав Николиќ.

Претседателот напаралментот Оливер Дулиќ од владејачката Демократска партија ја прекинаседницата и рече дека владата во која проевропските либерали имаат мнозинствово однос на националистите на Коштуница, прво мора да се произнесе зарезолуцијата пред да биде разгледана во паралментот.

Усвојувањето нарезолуцијата може да ја подели либерално-конзервативната коалиција, што спореданалитичарите може да доведе до пад на владата и предвремени избори.

ПретседателотБорис Тадиќ смета дека документот нема да го сочува територијалниот интегритетна Србија туку ќе ја одврати патот кон ЕУ./крај/ап/ил
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести