|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
„Македонија заслужува во НАТО“ објавено во светски весници
Лондон - 2008-03-06
Македонската влададенеска објави платен оглас во неколку светски весници во кој ја информирамеѓународната јавност дека заслужува прием во НАТО, без да го промени името.
Кампањата под назив „Македонија заслужува членствово НАТО“ и „Македонија и Грција сојузници во Алијансата“ има за цел да гипромовира македонските вредности и позиции во однос на НАТО.
Македонија преку овој текст објаснува дека го заслужувачленството во НАТО и дека меѓу Македонија и Грција на сила е времена спогодбасо која јужниот сосед се обврзува да не го блокира приемот на Македонија вомеѓународните институции.
Комерцијалниот оглас е пропратен софотографија на македонски војник во Кабул во рамките на составот на силите наНАТО во Авганистан.
Наведени се 30 причини поради кој Македонија требада биде примена во НАТО, а огласот завршува со прашањето „Каде се тукапринципите и правдата? Да не си во состојба да бидеш она што си и да сенарекуваш онака како што се бил нарекуван со векови. Македонија заслужува приемво НАТО“.
Написите се објавени во британскиот„Тајмс“, францускиот „Ле монд, холандскиот „Ди телеграф“, белгискиот „Лехо“, „Фајненшлтајмс“, „Интернешнл хералд трибјун“ и „Њујорк тајмс“. /крај/ап/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ... повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ... повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ... повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ... повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ... повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ... повеќе
» Останати топ вести
|
|