|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Активности на здружение на пациенти од малигни заболувања
Скопје - 2008-03-06
Првото здружение на пациенти одмалигни заболувања во Република Македонија “Животна искра” деновиве со низаактивности го одбележува 15-годишниот јубилеј.
Во рамките на одбележувањето на100-годишнината на 8-ми март и Неделата на борба против ракот од 1-ви до 8-мимарт традиционално како и секоја година и годинава во пресрет на Меѓународниотден на жената, членките на “Животна искра” на 7-ми март од 10.30 часотќе ги посетат пациентките на Клиниката за торако - васкуларнахирургија, во 11:00 - Клиниката за дигестивна хирургија и од11:30 - Институтот за онкологија и радио - терапија.
При тоа честитајќи им го 8 - мимарт на пациентките во соработка со подмладокот на Црвениот Крст на град Скопјеќе им подарат цвеќе и други пригодни подароци.
Заедно со “Животна искра” вопосета на пациентките ќе бидат и претставниците од Министерството за здравствона Република Македонија кои честитајќи им го на пациентките Меѓународниот денна жените 8-ми март ќе им подарат цвеќе и пригодни подароци, а заедно со нив ќебидат и претставниците на Македонското женско лоби и други женски невладиниорганизации.
Со мотото “Размислете уште еднашшто правите со вашето здравје”, “Животна искра” во соработка со Македонскотоженско лоби организира повеќе трибини во текот на месец март во Скопје идругите градови во земјава за превенција, скрининг и рана дијагноза инеопходност од современ третман и достапна терапија на малигните заболувања накои предавачи се експерти од оваа област.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|