|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Ворен Бафет најбогат човек на светот
Вашингтон - 2008-03-06
Најбогат човек насветот со имот вреден 62 милијарди долари, според новата листа на магазинотФорбс е инвеститорот Ворен Бафет.
Првите десет најбогати на светотзаедно имаат 426 милијарди долари, а меѓу нив има дури четворица Индијци.
Бафет се устоличи на местотонајбогат човек на светот благодарение на растежот на вредноста на акциите нанеговата компанија Беркшир Хатавеј за 10 милијарди во однос на минатата година.
Сопственикот на компјутерскиотгигант Мајкрософт Бил Гејтс, по 13 години на врвот на листата на Форбс, паднана трето место со имот од 58 милијарди долари, зад телекомуникацискиот магнатод Мексико Карлос Слим Хелу, кој има 60 милијарди долари.
Индиецот Лакшми Митал-кралот начеликот е на четврто место со имот од 45 милијарди долари.
На петото и на шестото место се неговите сонародницискараните браќа Мукеш Амбани (петрохемија) со 43 милијарди и Анил Амбани(телекомуникации, енергетика) со имот од 42 милијарди долари.
Првиот Европјанин меѓу најбогатите,сопственикот на компанијата за мебел Икеа, швеѓанецот Ингвар Кампрад со имот од31 милијарда долари е на седмо место.
Зад него со имот од 30 милијарди доларие индиецот КП Синг, кој се занимава со недвижности.
Кралот на алуминиумот русинот ОлегДерипаска е деветти со 28 милијарди долари, а десетти е германецот КарлАлбрехт, сопственик на малопродажниот ланец Алди со богатство од 27 милијардидолари. (крај)хи/м
.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|