|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Нимиц продолжува да посредува за името
Скопје - 2008-03-05
Посредникот на ОНво македонско – грчките разговори за разликите за името Метју Нимиц јапродолжува работата откако попладнево Македонија му ги соопшти забелешките нанеговиот последен предлог.
Нимиц по средбатасо македонскиот државен во Скопје рече дека не поднел нов предлог туку серазговарало за пакетот, што го понуди на 19 февруари во Атина на состанокот сомакедонскиот и грчкиот преговарач.
На средбата соНимиц учествуваа претседателотБранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и македонскиотпреговарач Никола Димитров.
Медијаторот Нимицдодаде дека на денешната средбата Македонија соопштила што од овој пакет можеда прифати и што не може, додавајќи дека и Грција има сериозни забелешки заовој предлог. Тој го повтори ставот дека постојат сериозни разлики меѓу двете земји, но иоти двете влади сакаат да го решат ова прашање.
Нимиц рече декадобил охрабрување да продолжи со неговата задача и оти ќе продолжи да работи.
Посредникотпопладнево замина за Солун,каде треба да оствари средбасо грчкиот преговарач,амбасадорот АдамантиосВасилакис.
Претседателот Црвенковскипред средбата рече дека Времената спогодба меѓу Македонија и Грција се уште е восила.
Грција гоповторува ставот дека ќе стави вето за НАТО доколку не се најде решение заразликите околу името со Македонија, сепак оставајќи и можност разговорите дапродолжат по самитот во Букурешт.
Во меѓувреме воСолун се одржуваат протести против името на Македонија/крај/с/ил
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-06 Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... повеќе
2008-07-06 Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... повеќе
2008-07-06 Нов успех на македонските ватерполисти на ЕП ... повеќе
2008-07-06 Пронајдени уште три тела на жртвите во Сава ... повеќе
2008-07-06 Најмалку шест убиени во експлозија во Ирак ... повеќе
2008-07-06 Илјадници грчки домаќинства се во криза поради скапотијата ... повеќе
» Останати топ вести
|
|