|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
ЕУ со препораките за преговори со Македонија
Брисел - 2008-03-05
Европската комисија (ЕК) денеска треба да ги објави конкретните задачи, сочие исполнување Македонија ќе гарантира дека може да почне преговори зачленство во ЕУ кон крајот на оваа година.
Комуникацискиотакционен план за Западниот Балкан што денеска треба да го усвојатеврокомесарите има за цел забрзување на евроинтеграцијата на балканскитедржави.
Во документотшто беше објавен во медиумите се посочува дека во Македонија „брзината нареформите, генерално, се одвивала бавно во изминатите две години, (но) оти вопоследно време има знаци на поттик“ во реализација на реформите. Македонија сеповикува да продолжи со реформите.
Еврокомесаритесе очекува денеска да ја презентираат и листата на приоритети усвоени минатиотмесец од државите-членки на ЕУ.
„Тоасе обврските преземени од Спогодбата за асоцијација и стабилизација,политичкиот дијалог, имплементација на законот за полиција и антикорупцискалегислатива, реформи во судската и јавната администрација, како и мерки вополитиката на вработување и подобрување на бизнис климата“, се наведува воизвештајот.
Водокументот се посочува дека Македонија, доколку ги исполни овие приоритети, ќеја демонстрира „својата подготвеност да започне преговори за членство“, нештошто Брисел верува дека може да се случи во 2008 година со „доволно политичкаволја и меѓупартиска соработка“, пишува EUobserver.
Целтана комуникацискиот акционен план е да даде нов поттик на сите балкански држави преку промоција наевропскиот курс. Документот ќе презентира нови иницијативи, вклучително и вообластите на визите, стипендиите и поддршка на цивилното општество.
Според најавите, по состанокот наЕК, еврокомесарот за проширување Оли Рен ќе одржи прес-конференција, по штозаминува на балканска турнеја да ги пренесе пораките од Брисел. За утре епредвидена посета на Македонија/крај/ис/ил
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|